Десетици демонстранти предводени од братот на Ел Чека денеска протестираа во Тетово против ДУИ. Тие не успеаја да дојдат до седиштето на ДУИ во Мала Речица и да им кажат на раководството на партијата предводена од Али Ахмети да си оди, бидејќи беа спречени од полицијата.

Братот на Ел Чека , Блерим Ахмеди рече дека преку овие протести бараат одговорност од ДУИ и СДСМ, како и меѓународна истрага за судските постапки.

Ахмеди, за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие нема да носат одговорност.

Тој тотврди дека полицијата не им дала дозвола да протестира пред седиштето на ДУИ, тврдејќи дека е јавно место и им рекле дека би можело да има судир меѓу нив и симпатизерите на ДУИ.

Добивме информации дека многу од луѓето кои тргнaле од Кичево, Куманово, Струга добиле закани од полицијата од Полициската станица Тетово и дека биле блокирани на неколку места и не можеле да дојдат. И на мене ми се закануваше полицаецот Али Касами. Тој ми рече: Кој си ти да дојдеш од Кичево, за да организираш протест во Тетово?“, изјави Блерим Ахмети, братот на Ел Чека за медиуми на албански јазик.