Бараме почетокот на преговори меѓу ЕУ и Македонија веднаш, истакна денес Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија. Тој е во официјална посета на Македонија, а денес се сретна со вицепремиерот задолжен за европската интеграција, Бујар Османи, со кого одржаа заедничка прес-конференција.

Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време“ изјави Сијарто, конкретно мислејќи на „изговорот“ на германскиот Бундестаг дека немал договлно време да го анализира Извшетајот на ЕК.

За Унгарија, како што рече Сијарто, процесот на проширување на ЕУ еа еден од најважните и веруваме дека проширувањето на ЕУ кон регионот на Западен Балкан е во вистински интерес на Унијата, како економски така и безбедносен.

Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата за евроинтеграција, изјави Сијарто.

Вицепремиерот Османи изрази благодарност за безрезервната поддршка што Унгарија ја дава во ЕУ, како и за поддршката на буилатерален план притоа посочувајќи ја помошта која Будимпеша ја даде за време на бегалската криза како и за катастрофалната поплава пред две години.

Османи најави дека утре унгарскиот парламент ќе гласа за ратификацијанна протоколот за НАТО.