Граѓаните на Бугарија в недела на 11 јули по вторпат одат на избори за парламентот откако на изборите на 4 април партиите во три наврати откако им беше доверен мандат од претседателот на државата – не успеаја да формираат влада.

Тоа ќе бидат избори – најнеизвесни досега и според бугарски аналитичари – избори во кои Борисов веќе нема да биде премиер бидејќи никој не сака коалиција со него по три мандати како претседател на владата. Според нив, по изборите Бугарија ќе добие сосем поинаква политичка слика и нови луѓе во извршната власт.

Во анкетите се нагласуваат бројки – 48 отсто граѓани кои ќе гласаат на изборите и имаат избрано кандидат/партија, 12 отсто се подготвени, но не знаат за кого би дале глас додека 16 отсто се колебаат дали воопшто да гласаат. Според анкетата на Екзакта, една четвртина од жителите на најсиромашната држава во ЕУ не сакаат да гласаат на изборите в недела каде парламентот има 240 места.

За Парламентот ќе се „борат“ 23 партии и коалиции, а според анкетите – шест или седум партии ќе имаат свои претставници.

Избирачкото тело на ГЕРБ, БСП и ДПС е повеќе мобилизирано да учествува во гласањето отколку електоратот на другите партии со шанса да влезе во парламентот. Гласачите на ДБ и Има таков народ, пак, изјавуваат поголема подготвеност да гласаат на изборите од оние на Исправи се! Мафијата надвор!
Најголема мобилизација за гласање според анкетата има меѓу луѓето над 50-годишна возраст, високообразваните и оние кои живеан вон Софија.

Изборите во Благоевград во неделата, кога победи кандидатот на Има таков народ, се смета за мал лакмус за парламентарните избори во државата в недела.

„На изборите имаат големо влијание протестите против Бојко Борисов“, изјави Парван Симеонов, директор на Меѓународниот институт Галуп за истражување на јавното мислење во Бугарија. Пред скоро една година избувнаа масовни протести со барање за оставка на тогашниот премиер и неговиот главен обвинител, Иван Гешев. Тие беа обвинети за корупција, политичко самоволие и сериозно кршење на владеењето на правото.

Во изборите – од едната страна е долгогодишната владејачка централно-десничарска партија ГЕРБ – која работи заедно со Сојузот на демократски сили (СДС) – предводена од Бојко Борисов, премиер трипати, од 2009 до 2013 година, од 2014 до 2017 година и од 2017 до 2021 година.

Од друга страна е шоуменот, тв водител и пејач кој стана политичар Слави Трифонов, кој се искачи  на второ место на изборите во април со новата партија, „Има таков народ“.

Разликата во анкетите во оваа недела меѓу нив е стеснета на само 0,3 проценти.

Анкетата објавена од „Алфа Рисрч“ на 8 јули вели дека „Има таков народ“ само ќе ја победи ГЕРБ, освојувајќи 21,8 проценти од гласовите, додека ГЕРБ ќе биде втор со 21,5 проценти. Сепак, истражувањето објавено од Маркет линкс на 5 јули го доведе ГЕРБ во тесна предност со 19,7 проценти, веднаш пред „Има народ“ со 18,8 проценти.

Бугарската социјалистичка партија, БСП, традиционален ривал на ГЕРБ во парламентот, но несакан партнер од другите заради својот проруски став, е на третото место во двете анкети.

Сигурно присуство во следниот кабинет е про-ЕУ и про-западниот сојуз, Демократска Бугарија, а исто така и Движењето за права и слободи, кое се фокусира на етничката турска заедница, но навидум ја губи поддршката во серија обвинувања за корупција и влијание продажба.

Во новиот парламент се очекува пратеници да има и „Исправи се!Мафијата надвор“, партија што се појави од минатогодишниот протестен бран.

Во новата кампања  Борисов ги обиколува  малите градови и селата и директно се среќава со гласачите.

Во исто време, неговиот главен противник  го даде своето прво интервју.

Од раѓањето на „Има теков народ“, Трифонов, речиси и да не се појави во јавноста и не зборуваше за своите ставови надвор од неговите профили на социјалните мрежи и приватен ТВ-канал. Тој не влезе во Парламентот пролетоска, пред да биде назначен привремен кабинет.

Освен неговото критичко сфаќање на политиката на Борисов, Трифонов беше неспецифичен во однос на политиката. Ова се промени на 7 јули, кога францускиот весник Ле Монд објави интервју со него спроведено во неговата канцеларија на 21 јуни.

„Имаме брилијантни закони, но тие не се почитуваат; ние мора да го обновиме системот на правдата “, изјави Трифонов, појаснувајќи дека не разговарал со локалните медиуми затоа што не верува дека постои слободен печат во Бугарија. Тој исто така беше категоричен дека контроверзниот главен обвинител Иван Гешев треба да биде лишен од овластувањата.

Во разговорот, тој објасни дека полека се опоравува. Гласините за слабо здравје беа негирани од него и членовите на неговата партија. Тој остана таинствен за тоа каква политичка иднина сака за себе, но рече дека не ја бара функцијата премиер или дури и пратеничко место и не го гледа тоа како единствена опција.

„Идниот премиер мора да има различен профил од мојот. Тој мора да е школуван, да зборува странски јазици и достоинствено да ја претставува Бугарија“, објасни Трифонов.

Според него, тој веќе има таква личност подготвена за одговорната позиција.

Трифонов ја коментираше и Европската унија, велејќи дека треба да има промени во начинот на функционирање на заедницата. Според него, потребно е да се тргне кон формирање на држава слична на САД. Тој инсистираше на тоа дека Брисел мора цврсто да одговори на авторитарните постапки на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ги посочи поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, поранешниот американски претседател Роналд Реган и сегашниот француски претседател Емануел Макрон како политички фигури на кои им се восхитува.

Барањето за реформа на правосудството и гледиштето на Гешев како непријател на слободниот печат и сојузник на статус кво, е нешто што „Има таков народ“ го дели со Демократска Бугарија и „Исправи се!Мафијата надвор!“.

Во двете анкети, ГЕРБ продолжува да ја губи поддршката откако прв дојде во април со 26,8 проценти од гласовите. По антивладиниот протестен бран во 2020 година и различните полемики околу партијата, рејтингот на Борисов опаѓа.

Воведувањето санкции на САД врз бизнисите поврзани со олигарси и сомнителни политички фигури, проследено со црна листа издадена од бугарското Министерство за финансии, се смета за сигнал дека западните институции конечно ги забележале врските меѓу олигарсите, работите околу Движењето за права и слободи и владеењето на ГЕРБ во Бугарија.

Привремениот кабинет назначен од претседателот на државата, во меѓувреме се најде во насловните страници за откривање на лошите постапки на поранешниот кабинет на Борисов, од наводна корупција и заплашување, до прислушкување противници и граѓани кои протестираат, до сомнителни трошоци и нерегуларности, лошо справување со пандемијата Ковид-19 и вакцинацијата.

На 8 јули, привремениот министер за финансии Асен Василев откри дека 40 отсто од јавните средства (15,8 милијарди лева) дадени за инфраструктурни и реконструктивни проекти биле дадени на компании нетранспарентно или без конкуренција во процесот помеѓу 2019 и 2021 година.

Во последните неколку години, ова стана главна тема, бидејќи едно од главните тврдења на Борисов е дека тој ја развил земјата додека неговите противници ја посочуваат инфраструктурата како јасен случај на јавни средства и фондови на ЕУ кои одат во круг на компании, поврзан на некој или друг начин со олигарсите.

Краткотрајниот парламент, кој ги ревидираше изборните закони и регулативи по изборите на 4 април, обезбеди рекорден број гласачки места во странство – 791.

Привремениот кабинет беше активен во разоткривањето на потенцијалните измами на изборите. Од 1 јули полицијата подготви повеќе од 5.000 записници за потенцијална криминална активност, што резултираше со апсење на над 700 лица, повеќето од нив во мали села и градови. Апсењето продолжува: на 8 јули, 24 лица во Бургас беа уапсени под обвинение за купување гласови, објавија медиумите.

На избориое во местата каде има над 300 гласачи ќе се користат машини за гласање наместо гласачки ливчиња. Државната изборна комисија тврди дека со тоа нема можност за какви било изборни манипулации за бројот на гласови