Министерството за надворешни работи со соопштение реагираше до Софија по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија во кои се покажуваат територијални претензии кон Македонија.

-Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, велат од МНР.

Меѓу спорните спотови е и на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, а во кој има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“.