Основните позиции манифестирани од парламентите во Скопје и Софија го прават невозможно изнаоѓањето сериозни политички компромиси.

Ова во интервју за БНР го изјави копретседавачот на бугарскиот дел од Заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, Ангел Димитров.

-Ако водечките политички, а и не само политички структури во РСМ, зашто таму моделираниот став кон Бугарија е силно изразен, не го сменат своето однесување во обостраните односи, не можат да го очекуваат тоа што упорно го сугерираат дека Бугарија под надворешен притисок ќе направи отстапки. Не верувам во тоа, изјави Димитров.

Димитров дозволува САД да имаат разговори со С.Македонија за нејзината позиција, но на тоа не му се дава гласност. Според него, од американската дипломатија и од партнерите на Бугарија во ЕУ се манифестираат двојни стандарди.

Во врска со работата на заедничката комисија Димитров изјави:

-Ако колегите во Скопје не го сменат односот кон работата на Комисијата и ако не се придржуваат на утврдените принципи и стандарди во историската наука, дејноста на Комисијата станува доста несигурна. Создадената тензија значително ја смени нивната улога во обостраната комуникација. Ако до сега беа бранители на историските митови, сега неизбежно се претвораат во идеолози на недоразбирањето и на крајно неприфатливите за нас антибугарски ставови и однесување. Се надевам дека тоа го сфаќаат.

Според него, евидентно е дека дистанцирањето на РСМ од Бугарија, што во Скопје се претворило во правило, многу јасно се одразува и врз прашања, што сега се појавуваат, како што се нерешените проблеми околу воените споменици.

-Треба да научиме да бидеме објективни и доволно храбро да ги решаваме проблемите, зашто во спротивно, регионото не го чека ништо добро, изјави Димитров.

Радио Слободна Европа денеска објави дека наредната средба на македонските и бугарските историчари, што е закажана за 21 и 22 октомври, поради пандемијата повторно ќе биде одржана он-лајн. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, бил на став средбата да се одржи со физичко присуство, што предизвикува сомнежи и шпекулации за политички притисок врз македонските членови на комисијата.