На седницата за пратенички прашања денеска се бунеше пратеникот Амди Бајрам кој рече дека е 16-ти по ред и не може на ред да дојде да праша.

Ова втор пат вака да ми правите, прошлиот пат се откажав. Ми го одземате правото да поставам прашања пред јавноста. Ние не сме фактор? Без разлика што сум Ром, има проблеми што треба да ги поставам за Ромите“, рече Бајрам.

Тој побара од колегите пратеници да се откажат од своето право, за да може јавно да ги постави своите прашања до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител.

Не можам да дојдам до израз. Бидете хуманитарни, пуштете ме да поставам пратеничко прашање, народот бара од мене. Јас сум тука и поддржавам се, но што значи ова, кои игри се прават овде? Значи јас како Ром не би требало да учествувам во овој парламент, и што сега – да си дадам оставка? – рече тој и побара министерот да му одговори за  хаосот кој настана во Шутка кога беа нападнати полицајци.