Пратеничката од опозицијата Лилјана Затуровска го обвини министерот за внатрешни работи дека нема контрола на безбедносната ситуација, дека граѓаните живеат во страв и дека треба да поднесе одговорност. Спасовски и одговори што направил откако е тој е на чело на оваа институција.

Безбедноста се зголеми на 1 јуни 2017, кога бандитите заминаа од власт. МВР го преземав со 23 отсто доверба, сега ОБСЕ покажа статистика од 75 отсто доверба во МВР. Многу е лесно да излегувате и кажувате лажни вести“, рече Спасовски на почетокот.

Како што вели тој, безбедноста е зголемена, а опозицијата шири лажни вести со цел да се создаде фама кај јавноста.

Во 2014 кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, пријавени исчезнати се 554 лица во РМ, а во 2018 година 370 лица пријавени за исчезнати. Има зголемување на кривичните дела и тоа е благодарение на припадниците на ВМРО-ДПМНЕ. Има намалување за 37 осто за убиства во Македонија. Фала Богу што не не убивте во ова Собрание. Тогаш и бројката на убиства ќе беше поголема. Имаме намалување на кривични дела“, истакна Спасовски.

Затуровска незадоволна од одговорот, му порача  тој ќе биде запишан како најнеуспешниот министер за внатрешни работи, министер кој практикувал политички реваншизам и кој ќе се памети како министер кој го вратил немирот на улиците наместо безбедност и заштита.