Одлуката на Владата да прими бегалци од Авганистан е политичка и нема врска со капацитетите на земјата, сигурен е амбасадорот Угљеша Звекиќ кој деновиве беше во Скопје како дел од конференцијата организирана од „Глобалната иницијатива против организиран криминал“.

Тоа е политичка одлука и нема врска со капацитетот на Македонија. За мене е многу дека Македонија,Албанија и Косово го направија тоа поради НАТО. односно да се додворат.Нема друга причина.Не е затоа што вие имате подобри капацитети од другите.Вие имате интерес зошто тоа треба тоа да го направите и тие интереси се поважни за вас отколку за тие кои се долги години во НАТО или во ЕУ. Тие немаат потреба тоа да го прават-вели амбасадорот во разговор за „Пресинг ТВ“.

Звеќиќ има богато дипломатско искуство и беше шеф на мисијата на Србија во Обединетите нации.

Тој мисли дека нов бран од Авганистан нема да има бидејќи сите бегалци што сакаа да ја напуштат земјата веќе избегаа.

Тоа што можеше да оди си отиде.Ова е уреден бегалски тек за разлика од првиот пред неколку години.Дури не ги викаат ни беглаци туку „Resettlement“, одсносно пренесување едно земја во друга за да отидат во трета. Сите се привремено овде. Не можете сега овие бегалци кои дојдоа со авиони да ги споредите со тие претходно.Авганстанските бегалци беа доста значен дел на илегалната мигрантска популација. Кога сите би можеле уредено да доаѓаат не би имале бегалски кризи-јасен е амбасадорот.