Нема законска основа Специјалното јавно обвинителство да ги предаде предметите на редовното обвинителство затоа што СЈО беше единствено надлежно да гони за дела што произлегуваат од прислушуваните разговори, вели адвокатаката Сања Алексиќ застапничка на обвинети во неколку предмети на СЈО.

Според законот за СЈО, тие имаа можност за преземање на предмети од редовното обвинителство и такви предмети беа преземени пред четири години. Која е правната логика по четири години тие предмети повторно да му се вратат на ОЈО? Законот за СЈО не и дава можност на Јанева да ги делегира овие предмети на друго обвинителство“,вели Алексиќ.

Според неа излезот од оваа ситуација е во рацете на Собранието, кое како што вели законски да треба да го регулира примо-предавањето на предметите.

Се друго би било незаконски и ние ќе го оспоруваме“, рече Алексиќ.