Славниот холивудски актер Ричард Гир денеска го прославува својот 70-ти роденден. Важи за еден од најголемите холивудски заводници, а по мислењето на многу жени дури и сега кога влезе во осмата деценија изгледа фантастично и плени со својот неодолив шарм.

Актерот ги руши сите табуа, на почетокот на февруари годинава тој стана татко по втор пат. Ричард и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра Силва добија син.

Ричард Гир е најпознат по улогата во популарниот филм „Убава жена“ каде партнерка му беше Џулија Робертс.

Долго време имаше статус на американски секс симбол, а често беше на листата на јапосакувани мажи во светот.

Ричард Гир и Џулија Робертс / Принтскрин Јутјуб

Покрај успешната актерска кариера, секогаш наоѓал време да се занимава и со хуманитарна работа. Покрај тоа во 1999 година избран е за најсексипилен маж во светот што само допринесе на неговата популарност кај женскиот дел од публиката.

Популарниот актер е роден на 29 август 1949 година во Филаделфија. Кариерата ја започнал така што играл во театар, а со холивудските филмови почнал да се појавува во седумдесетите години.