Американската актерка Џулија Робертс (51) уловена е додека излегувала од кафетерија во Лос Анџелес, за време на пауза која ја искористила да земе кафе.

Холивудската ѕвезда е целосно облечена во црно, по се изгледа нејзина омилена комбинација, без разлика дали станува збор за свечена или лежерна облека.

Актерката е облечена во широк комбилизон кој го искомбинирала со класични рамни кондури, а била и без шминка и носела само наочари за сонце.

Иако широк и лежерен, комбилизонот ја истакнува витката линија на Џулија, со што уште еднаш актерката покажа дека е една од најзгодните и најубави жени во светот, што и да облече.