Постојат многу хобија со кои луѓето се занимаваат. Едно од нив е и собирањето монети, обично стари пари.

Луѓето кои се колекционери се подготвени да платат и сериозни суми за одредени монети или банкноти. Нумизматичарите посебно ги ценат кованите пари од две евра, а сега повторно се потсетува на тоа дека е посебна.

Не станува збор за обичната монета од две евра, туку онаа од 2007 година, а таквиот примерок е многу специфичен. Тогаш во чест на принцезата од Монако, Грејс Кели, изработени се точно 20.001 примерок. Оваа монета носи посебен печат.

На задната страна се наоѓа слика од профилот на принцезата, а пишува дека изданието е од 2007 година. На предната страна на монетата би требало да се наоѓа картата на Европа. Премногу е посебна и колекционерите би одвоиле доста пари за неа.

Според последните проценки, се смета дека една ваква монета би вредела околу 600 евра.