Вечерва, со почеток од 21 часот ќе се одржи првиот концерт на новата и возбудлива electro/synthwave сензација ИСКРА во Скопје. Нивната премиера можете да ја следите на социјалните мрежи на МКЦ.
ИСКРА е ново име на македонската музичка сцена. Четири млади момци кои исклучително умешно и креативно ја презентираат својата музика, секогаш проследена со извонредна анимација.