Дали музичката индустрија ќе го ,,преживее” коронавирусот и дали претрпените промени ќе имаат долготрајно влијание врз неа?

Откажани и презакажани концерти, неможност за работење или пак ограничување на работата… Почнувајќи од март 2020та, па се’ до сега, концертната музичка индустрија реално не постои. Почнувајќи од концертните промотери па се’ до артистите… сите активно бараме одговор на истите прашања:

Што сега и како понатаму?

До кога настаните со социјална дистанца, задолжително носење на маска и мерење на телесна температура можат да бидат алтернативно решение за големи аренски концерти?

Дали организирањето на онлајн концерти е еден вид самозалажување или привремено решение во ова тешко време? 

Дали истите ја сквернават музичката индустрија или го помагаат нејзиниот опстанок?

Дали 2021ва ќе биде потешка од 2020та?

Кој е рокот на траење кој го имаме сите кои придонесуваме за концертната музичка индустрија? 

За да добиеме одговор на овие прашања, Авалон Продукција организира онлајн конференција на која ќе присуствуваат релевантни чинители од концертната музичка индустрија, еминентни промотери, менаџери и артисти од Балканот: Амира Медуњанин, Масимо Савиќ, Дарко Рундек, Влатко Стефановски, Миленко Шкариќ, Лидија Балија, Зоран Вуловиќ- Вуле и Цвета Спасова. Модератор на конференцијата ќе биде Бобан Милошески- сопственик на Авалон Продукција.

Avalon Network Conference се одржува утревечер во 19 часот, во живо на фејсбук платформата на Авалон Продукција.

Конференцијата ќе биде заокружена со настап на Галоски, еден од најистакнатите диџеи во регионот, чие име може да се види и на најголемите електронски светски фестивали.