На 11 и 12.12.2020 со почеток 20 часот ќе се одржат оперски рецитали, во фоајето на Националната опера и балет. Пијано придружба Андреј Наунов.

На 11.12.2020 настапуваат Злата Тошевска, Марика Поповиќ, Невен Силјановски и Ана Ројдева.

На 12.12.2020 настапуваат Билјана Јосифов, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ и Драган Ампов.

Билетите се во строго ограничен број. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, информираат од Опера и балет.