Сопругата на американскиот претседател, Доналд Трамп, Меланија, која се наоѓа на патување во неколку африкански земји, одново се соочи со мали „непријатности„.

Откако на аеродромот во Акра, престолнината на Гана, нејзиниот фустан се покажа како „немирен„ на африканскиот ветер, истото се повтори и при слетувањето во Лиленгва, Малави. Но, првата дама на САД и овојпат ја манифестираше својата присебност и грациозност.