На американскиот претседател не му задава главоболки (љубоморни) неговата сопруга и првата дама на САД, Меланија Трамп, која самата е на африканска турнеја и има проблеми да го скроти фустанчето на пријатноте ветре додека излегува од авион, па фотоапаратите ја ловат до најситен детаљ – Доналд Трамп има проблеми при качување во авион.

Еден демократски блог денес објави видео на кое Трамп, врховниот командант на американските вооружени сили се качува во претседателскиот авион „Ер форс1“ со еден необичен детаљ – на левиот чевел му се залепила тоалетна хартија. Мавтајќи за поздравување претседателот не забележал дека со вишок товар влегува во авионот.

Во текот на денот можеби овој детаљ ќе стане лажна вест пласирана од демократите, или некој трет?!