вмро-дпмне обвинува

Секој криминалец има фотографии со власта

13.05.2021 / 14:38


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарско прашање околу убиството кое што вчера се случи во Бутел, истакна дека станува збор за човек со криминално досие кој е виден на повеќе слики на социјалните мрежи со лица од власта.

-Нема што повеќе да се коментира за ваква власт каде што секој еден криминалец во Република Македонија веќе тоа доби и поголема димензија криминалци во рамките на светот да се сликаат со лица од власта предводена од СДСМ. Изминативе неколку години откако СДСМ е на власт Република Македонија, конкретно Скопје стана арена за пресметки, пукање, убиства на криминални и мафијашки банди и нарко дилери, посочи Арсовски.

Она што го видовме вчера рече тој, на медиумите и социјалните мрежи е еден од убиените кој што има криминално милје е виден на повеќе слики со функционери на СДСМ, како што е Оливер Спасовски, Велимир Смилевски, Мухамед Зекири, Стево Пендаровски кој што е претседател на државата.

-Невозможно е овие луѓе секојдневно да биле во друштво на криминалци. Ова е потврда дека државата ја води нарко мафија, односно крими мафија. Секој еден криминалец е сликан буквално со секој од власта. Затоа ова мора да прекине, оваа Влада мора да сноси одговорност, бидејќи повеќе не се безбедни улиците за никого. Сред бел ден, попладне, навечер во време кога има голем број на луѓе низ улиците, во сред центар на градот се случуваат убиства како на мафијашки филмови. И за тоа е директно одговорна Владата која што го штити криминалот. Затоа оваа влада треба да падне, да одговара и да сноси политичка одговорност, изјави Арсовски.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Хроника

Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор

пред 1 нед.
Хроника

Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“

пред 1 нед.
Хроника

Зошто беа запалени гевгелиски возила во Карпош 1 (ВИДЕО)

пред 2 недели
Хроника

Ова е зградата во Кисела Вода каде се затрупаа работници (ФОТО)

пред 2 недели
Хроника

OJO за Сејдини: Се гони за проневера и злоупотреба

пред 2 недели
Хроника

Не престануваат маките за кадрите на ДУИ: Синот и сопругот на Теута Арифи приведени за дрога

пред 3 недели
Хроника

Боре Видевски да оди во домашен или болнички притвор, бара неговиот адвокат (ВИДЕО)

пред 4 недели
Хроника

Кај Борче Костевски од Струга, претседател на бугарско здружение „Струмичка петорка” постојат сомнежи за „Производство и дистрибуција на детска порнографија“

пред 1 месец
Хроника

Новиот обвинител не сака притвори туку поблаги мерки

пред 1 месец
Хроника

Груби останува во домашен притвор

пред 2 мес.
hacklinkJojobet GirişBetcioivermectin tabletPusulabetMadridbetmeritbetCasibom GirişmeritbetlunabetTophillbetmarsbahis girişcasibommarsbahisJojobet GirişcasibomCasibom GirişMarsbahis Giriş