На дешното рочиште за судијата Ѓоко Ристов сведочеше и Емилио Фришчиќ, вешто лице од областа на испитување спорни документи, вештачење на ракописи и потписи.

Останувам севкупно на напишаната содржина во записниците – рече вештакот за неговиот извештај.

Тој рече дека одредено лице кое пишува нешто на хартија, со површината од кожата допира на хартијата, голема е веројатноста со сигурност, дека од тој контакт ќе останат епителни клетки што можат да бидат предмет на вештачење на ДНК. Но, доколку носи ракавици, пишува и внимава да нема допир со хартијата, во таков случај нема да има ДНК.

Скриптор на листовите била мајката на Ристов – три ливчиња што биле пронајдени во банкноти, колку што било информирано вештото лице.