Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.

Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.

Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.

Тоа е нивната верзија, додаде Бубевски.