Членови на семејствата и поддржувачи на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска одржуваат протест пред Oсновнот јавно обвинителство. Tие извкуваат „УЧК“ „УЧК“ и бараа обвинетите да бидат ослободени

Протестот започна во 13:30 часот од паркот во Чаир, а учесниците носат транспаренти и знамиња.

Протестот е поради незадоволството на семејствата на обвинетите во овој случај, откако Обвинителството во завршните зборови на последното судско рочиште побара највисоки казни за петкратното убиство на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

 

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Следното судско рочиште за случајот „Монструм“ е закажано за 3 февруари, кога одбраната треба да изнесе завршни збоорови.

Ni