Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок, вели Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат  да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија, категоричен е Трипуновски.