Со измените на Законот за земјоделско земјиште се реализира сериозна реформа на целокупниот сектор, но и се надминуваат реалните проблеми при доделување на земјоделско земјиште под закуп, вели Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Со законските измени, се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата. Со цел поголема вклученост на младите земјоделци и отворање можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот, вели Китев.