Со 1,22 процент од просечната плата во Македонијa може да се купи само три литри бензин. Ако се знае дека просечната плата е околу 29.000 денари а литар бензин е 81 денар излегува дека  со 1,22 посто од македонска просечна плата може да се наполнат едвај три литри бензин.

Во Америка пак може да купите дури 60 литри со просечна плата. Ваква споредба може да се направи ако се погледне истражувањето на „Statista“ наречено „Полн резервоар празен паричник“.

Кога ќе се погледнат цените во земјите од ЕУ во Германија тој процент е 2,9 посто , во Велика Британија 3,11, во Литванија 4,54, во Португалија 5,27,
На прво место е Грција каде ми се потребни 5,58 посто од просечната плата за да купите 60 литри бензин.

 

Што се однесува до дизелот Македонија има најниска цена. Нафтата кај нас е 79 денари или во евра 1,28, додека најскапа во Грција речиси две евра.Но, и тука кога ќе се направи споредба со просечната плата Македонците не можат до „даска“ да го наполнат резервоарот.