Оваа 2019 година, ќе  биде година на остварување на  економски резултати, истакна премиерот Зоран Заев, на прес конферецијата со министерот за финансии Драган Тевдовски, а на која ги истакнаа реализираните  активности од областа на економијата за минатата , но и плановите за оваа година.

Прогресивното оданочување за Заев е симболична порака за солидарност. Премиерот  најави зголемување на социјалната помиош, раст на платите и најава за раст на минималната плата.

Таргет за оваа година е намалување на невработеноста под 20%, раст на домашните и странските инвестиции, нови фабрики во индустриските зони. До крајот на мандатот според Заев не е  недостижно достигнување на 500 евра просечна плата во земјава.

Во однос на  капиталните инвестиции премиерот не е задоволен од реализираното до сега  но очекува дека оваа година  ќе се реализираат многу проекти затоа што процесите биле откочени

Еден од главните приоритети е платите да растат истакна министерот за финансии Тевдовски