Оваа 2019 година, ќе биде година на остварување на економски резултати, истакна премиерот Зоран Заев, на прес конферецијата со министерот за финансии Драган Тевдовски, а на која ги истакнаа реализираните активности од областа на економијата за минатата , но и плановите за оваа година.
Прогресивното оданочување за Заев е симболична порака за солидарност. Премиерот најави зголемување на социјалната помиош, раст на платите и најава за раст на минималната плата.
Таргет за оваа година е намалување на невработеноста под 20%, раст на домашните и странските инвестиции, нови фабрики во индустриските зони. До крајот на мандатот според Заев не е недостижно достигнување на 500 евра просечна плата во земјава.
Во однос на капиталните инвестиции премиерот не е задоволен од реализираното до сега но очекува дека оваа година ќе се реализираат многу проекти затоа што процесите биле откочени
Еден од главните приоритети е платите да растат истакна министерот за финансии Тевдовски
Comments are closed for this post.