Советот на Општина Аеродром попладнево ќе одржи вонредна седница на која ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање трајно решение за стопирање на изградбата на висококтаницата кај Мајчин дом.
На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом, се наведува во соопштението од општина Аеродром.
Седницата е закажана за 16.30 часот, а на неа може да присуствуваат и граѓани и граѓански организации, кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3.
Изградбата на висококатницата времено е стопирана за 15 дена поради, како што изјави во средата градоначалникот Златко Марин, неправилности во градилиштето.
Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин на прес-конференција во средата.
Жители на општината протестираат против изградбата на зградата, а најтензично беше во вторникот кога граѓаните го блокираа и булеварот „Јане Сандански“.
Comments are closed for this post.