Стопирана е изградбата на висококатницата кај Мајчин дом во Аеродром. Градоначалникот Златко Марин попладнево информираше дека ваква одлука е донесена поради неправилности  кои ги воочил инспекторот.

Станува збор за неправилности во градилиштето. Инспекторот денеска излезе на терен, направи записник и констатираше неправилности. Инвеститорот е известен. Има волја од инвеститорот да се најде решение. Се надевам ќе се најде заеднички јазик и сите да бидат задоволни, рече Марин.

Тој најави дека сега се влегува во барање решение низ дискусија.

Бараме начин да го заштитиме плацот кај Мајчин дом. Влегуваме во дискусија со граѓаните, инвеститорот и градот Скопје. Во петок закажувам вонредна седница на советот, ги повикувам граѓанските здруженија, истакна Марин.

Утрово Марин се сретнал со инвеститорот.

Пресинг Тв го контактираше инвеститорот Фатмир Етеми од компанијата ЗСФ KOM кој потврди дека се сртенал со градоначлникот на општина Аеродром. Тој коментира дека ова е преседан во градежништвото.

Не се согласувам со ваквата одлука и сметам дека е донесена под политички притисок. Ќе ја обжалам одлуката пред надлежните органи, вели Етеми за Пресинг Тв.

Инвеститорот тврди дека забраната се однесува за поставувањето на тарабите и најавува дека ќе ги премести.

Забраната трае 15 дена, но доколку не се отстранат неправилностите ќе биде продолжена.