Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ во потполност го демантира соопштението на МЕР АД Скопје, со кое вчера од таму ја информираа јавноста дека активностите на Водно за гасоводот продолжиле откако била постигната согланост со граѓанските активисти.

Од иницијативата велат дека не е постигната согласност, ниту  биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Од Македонски енергетски ресурси вчера соопштија дека активностите се отпочнати од понеделникот за продолжување на изградбата на магистрален гасовод делница Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно и тоа од на потегот кон Шишево.

Инаку, вчера планинари и активисти забележаа дека повторно машинерија работи на скопската планина. Иницијативата Го сакам Водно објави и видео во кое активистка застануваа пред багер, барајќи дозвола за градба. Исто така, побараа веднаш да престанат градежните активности и да се отстрани механизација од Водно.

Механизацијата денес повторно е на терен.