Ирската рок ѕвезда и фронтмен на групата „Jу ту“ Боно Вокс оствари средба со претседателот на Европскиот парламент во Брисел и одржа говор во кој потсети на неговата лична поврзаност со европскиот идентитет.


За време на посетата на Европскиот парламент пејачот ги нарече европските институции „мозок кој работи на унапредувањето на животот на Европејците“ и „срце кое силно чука“.

Даблинскиот рокер и активист во борба против сиромаштијата за време на разговорите со европретседателот на ЕК Антонио Тајани не спомнал ништо за Брегзит, но рекол дека се потребни проевропски гласови во време кога „луѓето ја преиспитуваат Европа“.

Како уметник верувам дека имам улога во романтизирањето на Европа и можам да ја видам како нешто топлокрвно“, изјавил Боно.

Претседателот на ЕК Антонио Тајани му се заблагодарил на пејачот за неговиот ангажман во европскиот проект, додавајќи дека: „Ако сакаме да ги заштитиме нашите граѓани, потребен ни е европски чадор“.

Боно го потсетил Брисел за разговорите околу јакнењето на партнерството помеѓу Европа и Африка, и изјавил дека тоа е „неверојатна прилика“.

Додека Америка празнично одмара од големи идеи, ние треба да седнеме на маса со афричките партнети и да завладееме со светот, порачал Боно.