Американското Федерално истражно биро ги откри седуммината најбарани руски хакери откако шпиони на руската разузнавачка служба ГРУ, протерани од Холандија, ненамерно откриле имиња на уште 300 агенти од Кремљ.

Оперативците на руската Влада се обвинети за хакирање на компјутерски мрежи на различни организации во обид да спречат скандал околу допинг на руски атлетичари.

Обвинети се Дмитриј Бадин, Артем Малиџаев, Алексеј Минин, Алексеј Моренетс, Евгениј Серебрјаков, Олег Сотников и Иван Јермаков. Овие седуммина се сметаат за вооружени и опасни и можат да претставуваат „меѓународна закана“, велат од Вашингтон.

Се претпоставува дека мажите на таа листа се дел од наводната единица на Путин за кибер-напад.

Истражувачката новинска агенција „Белингкет“, која ги откри вистинските идентитети на напаѓачите кои го отруја Сергеј Скрипал, објави дека двајца од четворицата Руси кои во април беа протерани од Холандија, се регистрирани дека живеат во Воената академија на руската воено разузнавачка агенција ГРУ во Москва.