Дресот на Џорџ Херман „Бејб“ Рут, американски бејзбол играч и национална икона на САС, продаден е на аукција за 5,6 милиони долари, што е рекорден износ за еден спротски артикл од овој вид.
Дресот бил дел од личната колекција на семејството Рут, а идентитетот на купувачот не е откриен.
Местото и важноста на Бејб Рут во историјата на бејзболот и во американската поп-култура неспоредлива е со било кој во нашата земја, изјави Дејвид Хант, шеф на „Хант“ аукциската куќа.
Рут, кој починал во 1948 во 53 година од животот, играл во МЛБ лигата помеѓу 1914 и 1935 година, а најважниот дел од неговата кариера ја поминал во дресот на Њујорк Јенкис.
Освојувач е на најважната титула, Светската Серија, седум пати, а постигнал 714 истрчувања (хоум-ран) во својата 22 годишна кариера.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година постхумно го одликуваше со Медал на слободата, највисокото американско цивилно одличје.
Според аукциската куќа „Хант Аукшн“ која ја организираше аукцијата, претходен рекорд исто така го држеше Бејб Рут за дрес кој го носел во 1920 година, а продаден е за 4,4 милиони долари.
Comments are closed for this post.