Жешкото лето почна, а од плажите веќе пристигаат на Инстаграм фотките на топ моделите во врвна форма. Една од нив е и Алесандра Амброзио која на своите милионски обожаватели и следебници на социјалните мрежи ги поздрави од Грција.

Алесандра летува на Санторини од каде објави фотографија облечена во црно бикини.

Еден од нејзините обожаватели напиша:„Изгледаш како грчка божица“. Иако, сите божици изгледаат боженствено, а Алесандра несомнено е во таа класа.