На авион на Јунајтед ерлајнс му експлодираа гумите за време на слетувањето на аеродромот во Њуарк, во американската сојузна држава Њу Џерси, а некоклу патници се здобија со полесни повреди.
Авионот на летот 627 од Денвер со 166 патници после експлозијата на гумите се лизгал по пистата додека не застанал, пренесе агенцијата Асошиејтед прес.
Портпаролот на компанијата Роберт Ајнхорн изјави дека авионот останал на пистата. Првичните соопштенија беа дека авионот излетал од неа, но подоцна се воспостави дека впрочем „се излизгал кон левата страна од пистата“.
Од авиокомпанијата соопштија дена некои патници побарале медицинска помош, но дека никој не бил сериозно повреден. Аеродромот ги одложи летовите до 15 часот по локално време, а подоцна објави дека ќе работи со ограничен капацитет, откако Националниот одбор за безбедност во сообраќајот нареди авионот да не се поместува додека не се истражи случајот.
Comments are closed for this post.