Присуството беше ограничено на околу 30 лица

Место митри – шлемови на првата миса во Нотр Дам по разорниот пожар (ВИДЕО)

16.06.2019 / 10:00


Само 30-тина верници со заштитни капи присуствуваа на мисата во катедралата Нотр Дам во Париз на саботната прва служба по пожарот кој уништи дел од импозантното средновековно издание.

Свештениците сакаа да покажат дека животот продолжува понатаму во катедралата додека донациите за нејзината обнова заглавија. Досега се исплатени девет отсто од ветените 850 милиони евра донации од милијардери, бизнис лидери и други, соопшти француската влада.

Мисата беше одржана во страничната капела, која беше недопрена од оганот на 15 април годинава. Присуството беше ограничено на околу 30 лица кои носеа шлемови. Свештениците во церемонијална бела облека не се разделија од зашитните капи за време на службата, не и надбискупот Мишел Опети кој рече дека водењето на мисата со кацига на глава е бизарна работа.

Надбискуп Мишел Опети одржа служба пред малиот број верници

Мисата беше пренесувана во живо на католичката телевизија КТО.

Во петокот францускиот министер за култура, Франк Ристер, рече дека катедралата се уште е во кревка состојба, особено во сводот. Во пожарот кој избувна во 850-години старата катедрала уништен е кровот и куполота од 19-от век.

Претседателот Емануел Макрон постави цел од пет години за обновување на катедралата, иако Риестер беше повнимателен.

“Претседателот беше во право да даде цел, амбиција, но очигледно, тоа што е важно на крајот е работата да биде завршена квалитетно. Тоа не значи дека работата ќе биде целосно завршена за точно пет години”, рече Ристер.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

ЕУ го одложи системот за фотографирање и оставање на отпечатоци поради големите гужви

пред 12 часа
Свет

Зеленски станал сопственик на еден процент од „Астра Зенека“ со амин на Фон дер Лајен

пред 3 дена
Свет

Украински војник му помогна на руски да не умре на фронот

пред 3 дена
Свет

Лајчак кој е поврзуван со Епштајн беше голем пријател на Димитров и Заев

пред 3 дена
Свет

Трамп сѐ поблиску до договор за Гренланд

пред 2 недели
Свет

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение

пред 2 недели
Свет

Дали Данска ќе го брани Гренланд со лего коцки?

пред 2 недели
Свет

„Не знам кој е тој, не знам ништо за него“, рече Трамп за премиерот на Гренланд

пред 3 недели
Свет

Поранешен корзикански националистички лидер застрелан на погребот на неговата мајка

пред 3 недели
Свет

Трамп не се шегува дека ќе го заземе Гренланд

пред 3 недели