Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат. Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат, вели пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.
Неговата изјава доаѓа како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се обрати партискиот лидер Христијан Мицкоски и му понуди на Заев две решенија за излез од ситуацијата во која се наоѓа земјата по референдумот.
Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана. Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш. Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата. Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не, рече Костадинов.
Првата опција која што Мицкоски ја понуди е избори кои за да се случат мора да има техничка Пржинска влада, содржински каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016та и избор на нов јавен обвинител по предлог на опозицијата, како и собраниска комисија која ќе ги разгледала референдумските процеси.
Втората опција е Заев веднаш да се откаже од договорот, па избори. После завршувањето на мандатот на политилизираното Јавно обвинителство, формиње на обвинителска институција која ќе го испита целиот криминал и сите сомнежи околу референдумското изјаснување.
Comments are closed for this post.