Во најавената реконструкција на Владата нема да има промени во ресорите што се водени од жени, најави премиерот Зоран Заев. Како што појасни Заев, причина што министерлките ќе куртулат од „метлата“ е тоа што нивниот број во Владата бил мал. Притоа, премиерот не прецизира дали можеби ќе има нова жена што ќе раководи со некој министерски сектор.
Тоа значи дека четирите жени што водат министерства, Радмила Шкеринска во одбрана, Мила Царовска во труд и социјала, Рената Дескоска во правда и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска ќе ги задржат своите функции.
Comments are closed for this post.