По повод две години од нејзиното формирање, Владата, организира форум со учество на премиерот, вицепремиерите, универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

На форумот, насловен „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, ќе се одржат две сесии.

На првата сесија „Промени 2017 – 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“ ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

Втората сесија е насловена „Агенда 2019 – 2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“.  Покрај премиерот Заев најавени се обраќања на новинарот Томислав Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, претседателот на МАНУ Таки Фити, претседателката на НВО „Амбрела“ и граѓанска активистка Љатифа Шиковска, директорката на „Хелсиншки комитет за човекови права“, Уранија Пировска, претприемачот Коста Петров и претседателот на Управен одбор на „НЛБ Банка АД Скопје“ Антонио Аргир.