Едно лице загина, а има и повредени лица во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид.
Нешто после 14 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на селото Добреноец се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале две возила со кичевски ознаки, едното е „фолваген пасат”, а другото е „сузуки марути”. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а има и повредени. Во моментов се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правци и се прави напор сообраќајот да се пушти барем во еден правец“, изјави портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.
Сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид.
Comments are closed for this post.