Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катерина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата, објави „ТВ 24“.

Оставката Ставриќ ја поднела уште пред изборите, поради лични причини.

На прашањето кој ќе ја наследи директорката – министерот вели дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.