Во директен судар на автобус и друго возило во Боливија загинаа најмалку 25, а ранети се 24 лица, соопшти боливиската полиција.
Родел Кано, вработен во сообраќајната полиција, изјавил за локалните медуими дека се пронајдени 25 тела и дека полицијата продолжина со акција за спасување.
Според неговото кажување 24 повредени лица се во критична состојба.
BOLIVIA: Bus precipita in una scarpata lungo la statale La Paz-Yungas: 25 morti e 24 feriti pic.twitter.com/eL29P8zwLN
— BreakingItalyNews (@BreakingItalyNe) April 22, 2019
Министерот за внатрешни работи Карлос Ромеро изјавил дека возачот на автобусот се обидел да претекне цистерна, но се судрил со друго возило.
Автобусот потоа излетал во околу 300 метри длабока провалија кај градот Јолоса на северот од Боливија, околу 80 километри од главниот град Ла Паз.
На видео снимките се гледа дека автобусот останал без кров.
#LaPaz Un bus de la empresa Turbus Totai que partió de La Paz a Rurrenabaque se embarrancó anoche en el sector Pacayo-Rio Selva, cerca de la tranca de control de Yolosita, dejando 25 personas muertas
Fotos: Tránsito/APG pic.twitter.com/kH6ATP2QHw— viral bolivia (@ViralBolivia) April 22, 2019
Comments are closed for this post.