Русија уште од времет о на Советскиот сојуз и студената војна има илјадници тенкови и друго наоружување. Тие скапуваат во воените складишта и никој не знае што ќе прават со нив.

Дел од нив веројатно ќе бидат стопени но се размислува тие да бидат продадени на колекционери или пак да завршат во музеј.

Застарената опрема пред отуѓување мора да помине во степен на демилитаризација и сето оружје и технологија мора да бидат отстранети.

Интерес за тенковите има кај љубителите на екстремните спортови, а пак дел од возилата можат да се користат и како пожарни возила.