Кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го отвори изборниот штаб за кампањата за претседателските избори.

„Нема да се обраќам пред Собранието  само еднаш годишно пред Нова Година , туку 12 пати во текот на годината, рече Силјановска Давкова.

Рече дека нема да дели одликувања или признанија на партиски луѓе.

„Од стартот ќе формирам група од македонските и странски експерти по Уставно право за да се разгледа правото на вето или доделување на мандатот. Јас ќе се одбидам тоа да го направам на мој начин и да оставам еден траг.  Ќе се држам до правото и правдата. Ќе ги укинам привилегиите за претседателите, да немаат обезбедување и канцеларии. Тоа е исто како што сметам дека заменици министри и заменици-директори на јавни претпријатија не ни требаат, тоа е непотребно трошење пари за повисоки плати“,  рече Силјановска.

За изборната кампања не очекува да потроши многу пари и вели дека не сака да ја има на рекламни паноа.

„Јас сум модерна жена, сакам скромна кампања. Не се чувствувам пријатно кога сум по билборди. Кога одам од врата до врата чувствувам дека со дилеми ме сослушуваат, но потоа луѓето потоа ме испраќаат со доверба“, истакна кандидатката з апретседател на државата.