„Од власта велат изминативе две години дека има многу бенефит, откако се тие власт во Република Македонија, за жал не само што граѓаните тој бенефит никако да го почувствуваат со исклучок на неколку семејства блиски до власта.  Претпоставувам таков ќе биде резултат од оваа посета на господинот Ципрас, ако е бенефит да се срамиме да ја построиме македонската гарда и да ја емитуваме македонската химна каде што јасно стои дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Ако тоа го навредува нашиот гостин, тогаш чуму ни е сето ова кое што вчера ни се случуваше во Република Македонија?“, изјави лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното отворање на изборниот штаб на професорката Гордана Силјановска Давкова.

Тој праша:

„Ако нашите пријатели не не прифатат онакви  какви што сме, тогаш чуму ни се нас такви пријатели?“

Вели дека граѓаните не веруваат во најавите на премиерот Зоран Заев.

„Првата практично испорака на тие неверувања ќе се случи на 21-ви април а тоа ќе биде потврдено на 5-ти мај, а јас сум убеден дека конечно еднаш премиерот ќе си остане на зборот и откако ќе доживее дебакл неговиот кандидат, неговиот избраник на овие претседателски избори ќе распише предвремени парламентарни избори и тогаш ќе ја види вистинската состојба во Република Македонија“, истакна Мицкоски.