Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор, преку социјалните мрежи најави дека се повлекува од светото на боречките вештини. Ваквата одлука на Конор доаѓа по неговиот пораз од Русинот Хабиб Нумагомедов и апсењето во Мајами  пред неколку недели.

Здраво момчиња, една кратка објава. Одлучив да се пензионирам  од спортото познат како Мешани боречки вештини. На моите некогашни колеги им посакувам успех во натпреварувањето. Сега ќе им се придружам на моите поранешни партнери во оваа вантура, веќе пензиониран. Подгответе ми една добра Пина колада, другари“ – напиша МекГрегор на твитер.


Со оваа објава, Ирецот става крај на кариерата со скор од 21 победа и само четири порази од неговото деби во 2008 година.

Веќе најави повлекување во 2016

Ова не е првпат за МекГрегор да најави дека е подготвен да се повлече од ММА. Во 2016 година на твитер објави дека ќе се повлече по поразот од Нејт Дијаз.

Одлучив да се пензионирам млад. Ви благодарам за „сирењето“. Се гледаме подоцна – напиша тогаш МекГрегор.