Мексиканската боречка вештина „Lucha Libre“, која е најблиску до популарните Кечери популарноста ја должи на Ел Санто, односно Родолфо Гузман, кој целиот свој живот бил скриен под сребрена маска карактеристика на овој вид на борење.

Санто што сите го нарекуваа, стана култна личност не само во борењето, туку исто така е симбол на Мексико и вистински национален херој. Луѓето го обожаваа и тој имал статус на икона.

Тој е познат по тоа што никогаш не ја симнал маската, а неговите обожаватели не го видоа неговото лице. Санто ставал маска дури и за време на приватни состаноци.Кога оделе  во странство, тој секогаш одел со посебен лет, одделен од тимот за да не го видат неговиот лик.

За време на неговата кариера, Санто секогаш успеваше да ја задржи својата маска на лицето и не дозволуваше навивачите да го видат неговото лице се  до 1984 година. Таа година, конечно ја соблече маската во јавност, во посета на телевизиско шоу. Почина 10 дена подоцна од срцев удар.