Шпанскиот спортски весник, „Марка“ направи анкета на која неговите читатели ги бираат најфудбалските градови, односно екипи составени од фудбалери родени во некој град и неговата потесна околина.

Притоа, тимовите се составени од фудбалери што играле во различни епохи, а на подиумот на најфудбалските градови се најдоа Рио де Жанеиро, Буенос Аирес и Амстердам.

Рио е предводен од легендарните напаѓачи на „кариоките“, Зико, Роналдо и Ромарио, со поддршка од фудбалери од нешто поново време, како Донато, Кутињо или Адријано.

При врвот е и Буенос Аирес каде што главни играчи би биле двајца од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона и Алфредо Ди Стефано, но тука се и Клаудио Каниџа, Диего Симеоне, Фернандо Редондо, Серхио Агуеро …

Тука е и Амстердам со тим кој го сочинуваат најдибрите фудбалери на неколку славни генерации на Ајакс, Јохан Кројф, Франк Рајкард, Руд Гулит, Денис Бергкамп, Патрик Клајверт …

При врвот се наоѓа и Мадрид со екипа составена од некои од најголемите имиња во историјата на Реал Мадрид, како Раул Гонзалес, Емилио Бутрагењо, Икер Касилјас, Мичел, засилен со легендарните играчи на Атлетико Мадрид како Хозе Луис Каминеро или Фернандо Торес.

Со одличен тим може да се пофали и Марсеј, каде што главен збор би имале Зинедин Зидан, Ерик Кантона и Франк Лебеф, а тука е и аргентински Росарио, предводен од Лионел Меси и Цезар Луис Меноти, како и Анхел Ди Мариа, Кили Гонзалес или Валтер Самуел…

Погледнети ги составите на најфудбалските градови во Светот…