Работни групи на власта и опозицијата ќе работат на изготвувањето на законот за работата на СЈО и другите реформски закони. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партијата го поддржува продлжувањето на работењето на СЈО, но не и на Катица Јанева и нејзиниот тим. По двоиполчасовната средба со премиерот Зоран Заев во Владата Мицкоски истакна дека предлог-законот за СЈО го добиле во четвртокот и немале многу време да му се посветат, но дека се подготвени за дијалог.
Но овој специјален јавен обвинител со тимот не смее да ја добие довербата, оти не ја оправдаа и ја злоупотребија. Ние сме за преговори на партиско ниво за содржината на законот, се договоривме од утре да се формираат групи и да дискутираат, рече Мицкоски.
Од друга страна Заев смета дека тимот на Јанева треба да продолжи да работи.
Ние остануваме на ставот дека овој тим треба да остане. Очекувам да се постигнат услови да се донесе законот консензуално.Не треба да робуваме на рокови, но до крајот на март ние мора да ги изгласаме законите, изјави Заев.
Тој истакна дека законот за Специјалното јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство кое ќе се обиде да го обезбеди ако не се постигне консензус.
Заев и Мицкоски разговараа и за изборниот процес. Првиот човек на опозицијата не е убеден дека тој ќе биде фер. Укажал на неправилности од реерендумот. Премиероот вели дека владата не сака да даде ниту еден аргумент за неправилности пред јули кога се очекува одлука за евентуален датум за почеток на преговори со ЕУ.
Договорена е комуникација на двата изборни штаба на претседателските избори со надеж дека ќе им се приклучи и изборниот штаб на третиот кандидат.
Comments are closed for this post.