Пожарот кој вечерва избувна во општина Петровец е ставен под контрола. Беше опожарена трска на потегот од Ржаничино до Таор и интервенираше противпожарната бригада.

Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба за МИА.

Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.