Екипата Лион го направи најголемото изненадување на вториот ден од првото коло во Лигата на шампионите. Французите го победија фаворизираниот Сити среде Манчестер, со направија голем чекор напред кон осминафиналето. Максвел Корнел и Набил Фекир погодија уште пред полувремето за најава на триумфот, а се што англискиот тим успеа да направи во вториот дел беше почесниот гол на Бернардо Силва.
Интересен натпревар одиграа и другите две екипи во оваа група, Шахтјор Доњецк и Хофенхајм, коишто одиграа без победник со резултат 2:2.
„Црвено светло“ за Кристијано Роналдо
Дебито на Кристијано во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус траеше само 29 минути, кога Португалецот доби директен црвен картон за наводно удирање без топка на противнички фудбалер. Сепак, иако по исклучувањето на Роналдо останаа со играч помалку, „црно-белите“ дојдоа до тиумф од 2:0. Стрелец на двата гола, двата од пенал, беше Миралем Пјаниќ.
Во вториот натпревар од групата, Манчестер јунајтед имаше лесна задача на гостувањето во Швајцарија против Јанг Бојс. Пол Погба со два гола и Ентони Маршиал со еден на својот тим му ги донесоа првите три бодови на својот тим .
Успешен старт на одбраната на трофејот
Успешен старт на сезоната во Лигата на шампионите имаше и бранителот на трофејот, тимот на Реал Мадрид. „Кралевите“ на домашен терен беа прилично доминантни против Рома, што резултира со убедлива победа од 3:0. Резултатот го отвори Иско со гол од слободен удар во последната минута од првото полувреме, по што во вториот дел, триумфот го заверија Герет Бејл и Маријано Дијаз со по еден гол.
Во втората средба од оваа група, Викторија Плзен и ЦСКА Москва одиграа реми од 2:2.
Ајакс и Баерн сигурни
Во групата Е, екипите на Баерн Минхен и на Ајакс се наметнуваат како главни кандидати за првите две места во групата. Холанѓаните на домашен терен го совладаа грчки АЕК со 3:0, додека германскиот шампион ја совлада Бенфика во Лисабон со резултат од 2:0.
Comments are closed for this post.